Свет
12. November 2017 - 14:58

Израел со предупредување до екстремистите

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху ги предупреди екстремистите во Газа да не напаѓаат, бидејќи Израел ќе возврати со „тешка рака“.

Неговото предупредување уследи откако така наречената група Исламски џихад соопшти дека ќе се одмазди поради уништувањето на еден од нивните тунели за напад.

Нетанјаху додаде дека Хамас е одговорен за нападите од Газа врз Израел.

Исламски џихад се закани со одмазда откако минатиот месец беше уништен тунел од Газа до Израел, при што загинаа 12 екстремисти.