Израел се подготвува за за евентуален напад врз иранските нуклеарни постројки
– Израел одобри буџет од пет милијарди шекели (околу 1,5 милијарди американски долари) за обука на армијата за евентуален напад против иранската нуклеарна програма, објави „Тајмс Израел“.
Буџетот е за 930.000 долари повеќе од претходниот, како и за 620.000 долари повеќе од следниот планиран буџет, што треба да биде усвоен во ноември.
Во буџетот предвидено е купување на разни авиони, беспилотни летала за собирање разузнавачки информации и специфична муниција потребна за таква операција, која ќе треба да биде насочена кон подземни објекти со голема заштита.
Буџетот е усвоен откако американските воздухопловни сили соопштија дека нивниот нов „Уништувач на бункер“ (GBU -72 Advanced 5K Penetrator) успешно го поминал тестот. Според израелските медиуми бомбата од 2.260 килограми може да се искористи за напад врз иранските нуклеарни постројки.
Израелската телевизија Канал 12 објави дека Израел нема авион бомбардер кој може да го носи „Уништувачот на бункер“.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите