Свет
24. April 2018 - 19:54

Израел се откажа од депортацијата на африкански мигранти

-  Израелската Влада соопшти денеска дека се откажала од планот за насилна депортација на африкански мигранти кои во таа држава влегле нелегално.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која работеше на планот за депортација на неколку илјади мигранти, во најголем дел Еритрејци и Суданци, во трета држава против нивна волја, во пишан одговор до Уставниот суд наведува дека повеќе не ја разгледуваат таа опција.

Во одговорот на Владата се нагласува дека имиграциските власти на Израел ќе продолжат со барање опции за депортација на мигранти врз доброволна основа, но насилно протерување „веќе не е дел од планот“.