Свет
4. July 2016 - 14:29

Израел одобри изградба на 560 куќи во близина на Ерусалим

Израел денеска одобри изградба на 560 нови куќи во населбата Мале Адумим, оддалечена неколку километри од Ерусалим, на Западниот Брег, изјави портпаролот на населбата, јави Танјуг.

Тој истакна дека оваа изградба може да ги зголеми тензиите по серијата напади на Палестинци.

Градоначалникот на населбата Мале Адумим синоќа официјално е известен за одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Авигдор Либерман дека планираат изградба на домови источно од Ерусалим, изјави портоаролот.