Loading Video...
Свет
9. April 2019 - 19:38

Израел одлучува дали Нетанјаху ќе остане на власт

Бенјамин Нетанјаху или Бени Ганц. Израелците на денешните избори  ќе одлучат дали Нетанјаху ке остане премиер или  на негово место ќе дојде екс началникот на генералштабот Ганц.

Нетанјаху се бори за петиот мандат. Според последната анкета, партијата Ликуд на Нетанјаху и Сино-белите  предводени од Ганц би можело да освојат по триесетина мандади во 120 члениот парламент.

Но, Нетанјаху според аналитичарите има повеќе шанси да формира  коалиција.