Фудбал
6. October 2016 - 10:19

Израел очекува тежок натпревар со Македонија

Фудбалската репрезентација на Израел по стартниот пораз (Италија 1:3 дома) во Мундијалските квалификации очекува на денешниот натпревар во Скопје да го поправи впечатокот.
 
На прес-конференцијата одржана вчеравечер пред тренингот на Националната Арена „Филип Втори“ селекторот Елиша Леви изјави дека очекува тежок натпревар.
 
- Македонија има прогрес на последните натпревари. Двете селекции се со сличен квалитет и мислам дека ќе биде неизвесен и тежок дуел. Очекувам да ја повториме играта од дуелот со Италија. За Македонија може да се каже дека не е само Пандев опасност. Тој е играч со многу искуство, но Македонија има и други добри играчи, рече Леви.
 
Еден од најдобрите фудбалери на Изреал воедно и капитен на оваа селекција Еран Захави изјави:
 
- Најважна ќе биде тимската игра. Не очекувам да имаме доминација од првата минута, но мислам дека можеме на крајот да се радуваме.
 
Натпреварот Македонија – Израел, кој се игра од рамките на група Г почнува во 20:45 часот, а покрај овој дуел вечерва од групата играат: Италија – Шпанија и Лихтенштајн – Албанија.