Свет
11. July 2021 - 13:36

Израел нуди дополнителна доза на Фајзер за возрасни со слаб имунитет

Поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот, бројот на заразени лица се зголемил во изминатите месеци од едноцифрен број на околу 450.

Министерот за здравство Нитзан Хоровиц рече дека одлуката дека возрасните со слаб имунолошки систем, кои примиле две дози вакцина Фајзер, може да добијат дополнителна доза од вакцината, за што се чека само поширока дистрибуција, ќе стапи на сила веднаш.

Pfizer и BioNTech објавија во четвртокот дека ќе побараат од американските и европските регулатори во рок од неколку недели да одобрат инјектирање на дополнителни дози на вакцината.

Двете компании сметаат дека има зголемен ризик од инфекција шест месеци по вакцинирањето.

Компаниите не покажале податоци што укажуваат на ова, па затоа биле критикувани од некои научници и официјални лица. Pfizer и BioNTech наведуваат дека овие податоци наскоро ќе бидат достапни за јавноста.

„Го истражуваме прашањето и сè уште немаме дефинитивен одговор“, изјави Хоровиц за радиото Кан, осврнувајќи се на можноста за дополнителна доза на вакцина за општата популација.

"Во секој случај, отсега натаму им даваме трета инјекција на лицата со имунодефициенција. Тоа се, на пример, луѓе кои биле подложени на трансплантација на органи или имаат здравствена состојба што предизвикува пад на имунитетот", додаде тој.

Околу половина од моментално хоспитализираните 46 пациенти од ковид-19 се вакцинирани, според Министерството за здравство.

Израелскиот началник на Генералштабот Нахман Еш во средата рече дека повеќето се над 60 години и имаат претходни здравствени проблеми.

Хоровиц рече дека Министерството за здравство ќе ја пополни празнината во снабдувањето на Фајзер за општата популација со достапни вакцини од Модерна.

Израел вакцинира околу 60 проценти од 9,3 милиони жители речиси исклучиво со „Фајзер“. Сепак, околу 700 000 дози беа дадени кон крајот на јули на Јужна Кореја.

Со договорот, Сеул ќе му испрати на Израел ист број вакцини во септември и октомври.