Свет
12. February 2019 - 8:42

Израел нападна напуштена болница во Сирија

Израелската артилјерија нападна болница и пункт за набљудување во јужната сириска провинција Кунеитра, во близина на границата со Израел.

Во нападот немало жртви, затоа што болницата била напуштена. Цел на нападот бил и пункт за набљудување. Израелската армија во јануари потврди дека напаѓа ирански воени цели во Сирија, откако изврши воздушен напад во близина на аеродромот во Дамаск.