Свет
1. May 2018 - 9:36

Израел ќе сподели информации за Иран со Германија и со Франција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со лидерите на Франција и на Германија и порачал дека Израел ќе испрати експерти за да сподели со тие држави разузнавачки податоци за наводни нуклеарни амбиции на Иран.

Кабинетот на Нетанјаху наведува дека во следните денови ќе се испратат експертски тимови кои ќе споделат информации со Германија и со Франција материјал што разузнавачки служби на Израел го добиле за „напорите на Иран за снабдување со нуклеарно оружје“.

За документите Нетанјаху разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин.

Нетанјаху изјави дека неговата влада има „половина тон“ тајни ирански документи што покажуваат дека Техеран имал програма за нуклеарно вооружување.