Свет
29. July 2021 - 18:51

Израел ќе понуди трета доза Фајзер на луѓе над 60 години

 Израел ќе почне да нуди трета доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот на луѓе постари од 60 години, соопштија денеска израелското јавно радио Кан и телевизијата Канал 13.

Генералниот директор на Министерството за здравство, Хези Леви потсети дека организаторите и здравствените работници спроведоа успешна кампања за вакцинација за време на пандемијата и дека можат да понудат трета, засилувачка до Целта на давање на третата доза е населението да се одбрани од Делта мутацијата, а вакцините ќе бидат понудени од недела.