Свет
5. May 2021 - 11:25

Израел ја ракетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово изврши ракетен напад врз северозападниот дел на Сирија, при што едно лице загина, а шестмина се повредени.

Сириските медиуми објавија дека жртвите во нападот се цивили, меѓу кои и мајка и син.

Во нападот се погодени локации во градовите Хафеху и Масијафу, но сириската протоиввоздушна одбрана возвратила. Меѓу другото, ракетирана била и една фабрика за производство на пластика, а сириските сили пресретнале неколку израелски ракети пред да пристигнат до целта.

Тоа е прв израелски напад врз Сирија, откако сириската армија пред две недели ракетираше цели длабоко во внатрешната територија на Израел.

Израел во текот на изминатите неколку години извршил стотици ракетни напади врз воени цели на Сирија, поврзани со Иран, но официјален Ерусалим ретко презема одговорност за таквите операции.