Свет
15. January 2020 - 8:02

Израел ја нападна сириската воена база Т4

 

Сириската војска објави дека израелски воени авиони ја таргетирале главната воздушна база Т4 во провинцијата Хомс, и дека во нападот е причинета само материјална штета.

Портпарол на сириската армија за државните медиуми изјави дека четири израелски ракети ја погодиле базата, но и дека сириската противвоздушна одбрана успеала да пресретне повеќе израелски проектили.

За нападот претходно извести Сириската телевизија, која не прецизираше кој стои зад нападот.

Базата Т4, за која тврдат извори од западните разузнавачки агенции дека ја користела иранската Револуционерна гарда, беше повеќе пати цел на израелски ракети во изминатите години