Израел ја бомбардираше куќата на највисокиот оперативец на Хамас
Израелските одбранбени сили соопштија го бомбардирале домот на највисокиот оперативец на Хамас, Салах Дахман, кој, како што велат, ја користел таа куќа за да складира оружје за организацијата.
Армијата објави снимка од нападот, на која се гледа како ракета паѓа врз зграда во густо населена населба, што предизвика голема експлозија, пренесува „Тајмс оф Израел", наведувајќи дека причината за експлозијата најверојатно била муниција што се наоѓала внатре.
Жителите на областа долж границата со Појасот Газа добија наредба да одат во засолништа и заштитените области по нападот.
Во последните денови ескалираше палестинско-израелскиот конфликт. Има интензивна размена на ракетни напади меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа. Тензиите се зголемија откако немирите во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим започнаа на почетокот на мај, при што беа повредени повеќе од 700 лица.
Судирите меѓу Палестинците и безбедносните сили беа предизвикани од одлуката на израелскиот суд да одземе куќи во Шеик Џара од арапските семејства кои живеат таму повеќе од половина век во корист на еврејските доселеници со образложение дека куќите им припаѓале пред 1948 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација