Свет
2. December 2017 - 9:46

Израел изврши ракетен напад врз воени позиции во близина на Дамаск

Израел во текот на ноќта изврши ракетен напад врз воени позиции во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти сириската државна телевизија.

Медиумот објави дека иако бил активиран воздушниот одбранбен систем, сепак нападот предизвикал материјална штета.

Портпаролка на израелската војска засега не ги коментира наводите за нападот.