Израел и Хамас размислуваат за продолжување на примирјето
Тече последниот ден од четиридневното примирје помеѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Изарелскиот премиер поддржува продолжување на примирјето, но вети исполнување на нивните цели по неговото завршување.
Хамас држи уште околу 180 лица, од кои десетина се деца. Порачуваат дека и тие се подготвени да ослободат повеќе заложници во продолженото примирје, но бараат ослободување на поголем број заробени Палестинци. Се прават напори примирјето да продолжи, изјави палестинскиот министер за надворешни работи.
- Сите работат. Катарците, Египќаните, САД, ЕУ, Шпанија, Палестина. Сите работиме на продолжување на примирјето за еден ден, два дена, три дена. Не знаеме. Но, најмногу важно е да се продолжи со продолжување на примирјето, бидејќи продолжувањето на примирјето значи запирање на убиството, изјави палестинскиот министер за надворешни работи.
Четиридневното примирје договорено минатата недела е прво запирање на борбите во појасот Газа во последните седум недели откако Хамас го нападна Израел.
- Посакуваме примирјето да биде трајно, а луѓето да се вратат на своите животи и да се видат. Дај Боже, примирјето да биде продолжено и така да остане, не сакаме повеќе војна, доволно е, ова е толку тешко за нас - вели жителка на појасот Газа
- Сакаме да се вратиме (во нашите домови); ние воопшто не сакаме војна. Доста ни е, наскоро ќе има дожд, каде ќе останеме? Последен пат кога врнеше, бевме поплавени, каде да останеме? Сакаме трајно примирје, не сакаме војна. Дај Боже примирјето да биде продолжено, вели жителка на појасот Газа
На Последниот ден од паузата во борбите, на слобода треба да се најдат 11 израелски заложници и 33 палестински затвореници. Хамас во првите три дена, согласно договрот, ослободи 39 Израелци, а Израел отпушти од затвор 117 Палестинци. Договорот помеѓу Израел и Хамас овозможи и да се донесе поголема хуманиртна помош во Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар