Свет
17. јуни 2020 - 9:02

Израел го одобри лекот ремдесивир за третман на заболените од Ковид-19

Израел денеска ја одобри употребата на антивирусниот лек на компланијата Гилед – ремдесивир  за лекување на пациенти со Ковид-19.

Ремдесивир е првиот лек за кој при тестирањето на луѓе се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус. Јужна Кореја, Јапонија, Индија, САД и Сингапур веќе го одобрија за употреба во итни случаи

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека кабинетот го прифатил барањето од министерот за здравство да ја прифати донацијата на редесивир, а лекот ќе се користи за лекување на умерено и критично болни пациенти.

Израел, кој има девет милиони жители, соопшти за 19.338 заразени и 302 починати од Ковид-19. Бројот на заразени лица се зголеми откако училиштата, рестораните и многу бизниси се отворија минатиот месец.

Досега, повеќе од осум милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 400.000 починаа.