Израел ги укинува речиси сите мерки против коронавирусот
Израел ги укинува речиси сите ограничувања воведени за борба против ширењето на коронавирусот по значителното намалување на бројот на новозаразени.
Според соопштението на Министерството за здравство, истекуваат регулативите во рамките на таканаречениот Зелен пасош. Ова значи дека во иднина јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани. Повеќе нема да биде потребно да се презентира потврда за вакцинација. Сите ограничувања за влез на настани, во продавници и ресторани се укинати. Но, обврската за носење маски во затворен простор и натаму останува.
Некои ограничувања, исто така, ќе продолжат да се применуваат при влез во Израел.
Земјата со девет милиони жители успешно спроведува кампања за вакцинација од 19 декември.
Новите инфекции и тешки форми на болеста драматично опаднаа во последните месеци. Во неделата, бројот на новозаразени со коронавирус падна на најниско ниво од почетокот на пандемијата. Потврдени се само четири случаи.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња