Израел денеска ја почна евакуацијата на девет доселенички домови од палестинска територија
Израелските сили денеска ја почнаа евакуацијата на девет семејни куќи во населбата Офра, на Западниот брег, во согласност со одлуката на Врховниот суд која наведува дека тие биле изградени на приватен палестински имот, пренесуваат американските медиуми.
Десетина доселеници и нивните семејства протестираа на покривите од куќите, додека војската и полицијата на нивните лидери им ги предаваа налозите за иселување, молејќи ги да соработуваат и да избегнуваат судири.
Бригадниот генерал Јорам Софер ги молеше доселениците да се однесуваат според моралните стандарди, да им помогнат и да не прибегнуваат кон насилство.
Еден од жителите на посочените куќи го искина налогот за иселување, додека останатите, главно млади луѓе, беа однесени од безбедносните сили кои ја имаа задачата да го расчистат подрачјето.
Во акцијата немаше поголеми инциденти.
Претходно овој месец, Израелските сили ја отстранија населбата Амона, по сличен судски налог. Населбата Амона беше едно од околу 100 неовластени населби изградени на Западниот брег без официјална одлука, но со премолчена поддршка на израелската Влада. На тоа место во 2006 година избија насилни судири во текот на делимичното уривање на куќите.
Ваквите евакуации создадоа тензии во коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која е поделена меѓу мислењата дека доселениците треба да се поддржат и одлуката на Врховниот суд.
Палестинците и мнозинството од меѓународната заедница сметаат дека населбите се нелегални и ги гледаат како пречка кон создавање на палестинска држава.
Палестинската управа за себе ги сака Западниот брег, Појасот Газа и источен Ерусалим, сите територии кои Израел ги освои со војната од 1967 година.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето