Изработена Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030
Министерството за транспорт и врски изработи Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.
- Главните цели на стратегијата се: да се осигура економска одржливост во развојот, управувањето и одржувањето на транспортните системи, да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се развие мулитмодалниот транспорт, да се подобри одржливоста на животната средина, како и изградба на инфраструктура согласно европските стандарди како дел од единствениот транспортен систем во регионот, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Тие општи цели се преточени во поеднични цели за секој вид транспорт се разработени во конкретни 132 активности што се планирани за реализација до 2030 година.
Во рамки на проектот за подготовка на Предлог стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за животна средина, е спроведена постапка и е изработен Предлог извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната транспортна стратегија.
Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната транспортна стратегија 2018 – 2030, овие два документа се достапни на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-
Забелешки за предлог националната транспортна стратегија може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската адреса на Министерството: info@mtc.gov.mk
Министерството за транспорт најавува дека ќе се одржи и јавна расправа по Предлог стратегијата и Предлог извештајот за стратегиска оцена на животната средина.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка