Бизнис
13. May 2016 - 19:51

Изработен првиот бесплатен геодетски елаборат во Прилеп

Согласно измените на Законот за Катастар, кои  стапија на сила од 31 март годинава, прилепското одделение, денеска го врачи првиот бесплатно изработен геодетски елаборат за семејна куќа на прилепското семејство Лепиткови. Куќата била изградена во далечната 1971 година, а семејството имало само правно-техничка документација.Семејството, со овој нов проект, заштедило повеќе од 6.000 денари. 
 
Инаку, ова право може да го остварат граѓаните и правните лица кои имаат правно-техничка документација, издадена до стапување на сила на Катастарот на недвижности за општината кој во Прилеп  е до 1999 година.