Македонија
24. January 2022 - 16:44

Изолацијата по стари правила, Владата не најде време за предлогот на Комисијата за заразни болести

Кратењето на изолацијата од 10 на 7 дена за ковид асимптоматските случаи не се најде на денешната владина седница. За предлогот на Комисијата за заразни боелсти надлежните ќе расправаат најверојатно по враќањето на министрите од Бугарија. И додека во Македонија се уште нема одлука, во земји од соседството веќе функционираат нови правила и скратен карантин за позитивните.  И изолирањето на контактите е намалено на 5 дена за разлика од кај нас каде сеуште трае дури 14 дена.  Епидемиолозите не можат навреме да стигнат и да се јават кај секој новодијагностициран, а најмногу работа имаат во скопскиот центар за јавно здравје.

-Епидемиолозите не можат да постигнат. На помош имаме и колеги од други здравствени сектори како и од Црвениот Крст и пак не можеме и покрај помошта навреме да се јавиме кај сите случаи, вели др. Марија Гочевска, епидемиолог во Центар за јавн оздравје Скопје.

Според новите правилници, вакцинираните лица не подлежат на изолација и покрај контакт со заразен. Им следува карантин само доколку пријават симптоми.

-Секако има исклучоци доколку се болни, имаат симптоми тогаш и покрај вакцинирањето мора да одат во изолација. Има исклучоци, невакцинираните секако одат во изолација, а вакцинираните иако не им следува тоа не значли дека не треба да с епридржуваат на мерките, да намалат контакти и да носат маска ако биле во контакт со заразен, вели др. Гочевска.

Поради брзото ширење на омикрон, во земјата во моментот има повеќе од 20 000 активни случаи од кои повеќе од половината или над 11 000 се во главниот град.