Изолација и епидемиолошко следење на сомнителните случаи на мајмунски сипаници
Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.
Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.
– Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.
Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.
Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација.
– Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Велика Британија – 2 914.
Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец
-
Отстранети околу 50 кубни метри отпад од диви депонии во општините Центар и Чаир
-
Уапсени три лица во Гостивар - Пронајдена и одземена марихуана
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер | ФОТО
-
ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник