Loading Video...
Фудбал
23. January 2022 - 19:53

Изнуден пенал и асистенција на Елмас во победата против Салернитана

Убедлива победа на Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Серија – А. Совладан аутсајдерот Салернитата со 4-1  со што наполитанците се вратија на 2. Место на табелата со 4 бода помалку од Интер. 
Елмас го започна мечот од првата минута имаше одлична асистенција во 17м со што Жесус го отвори резултатот за водство до 33. Минута кога гостите израмнија преку Бонацоли. 
До крејот на првиот дел Мертенс носи второ водство за домашниот тим и тоа со гол од пенал за да во вториот дел Рахмани и Инсиње повторно од белата точка  ја заокружат значајната победа за тимот на Елмас. 
На првиот дуел попладнево Каљари и Фиорентина одиграа  1-1. Интересно гостите не реализираа пенал во првиот дел преку Браги за да во вториот Каљари казни со голот на Педро во 47.м.   Израмнувањето дојде во 75м  кога во листата на стрелците се запиша Сотил.  СО овој резултат домашните не успеаја да направат скок од опасната зона.