Живот
19. March 2019 - 14:11

Изненадување на патот: На велосипедисти змија отровница им се вплетка во тркалата, фатија да бегаат колку што ги држеа нозете

Двајца Индијци се возеле на велосипед кога на патот наеднаш им се појавила кобра.

Змијата брзо се движела преку патот, а потоа се вплеткала во тркалото на велосипедот.

Кога виделе што се случува, мажите скокнаа од велосипедот и побегнаа колку што ги држат нозете.

Никој не е повреден, но велосипедот е оштетен при падот. Иако не е точно утврдено за каков вид змија станува збор, се претпоставува дека се работи за индиска кобра.

Тоа е опасна отровница која убива околу 10.000 луѓе годишно. Може да биде долга и до 2 метри, а главно се грани со глодари.