-->
-->
Изнемоштен коњ колабира на улица во Скопје
-->
Изнемоштен коњ колабира на улица во Скопје Север. Од фотографиите објавени на страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ може да се види дека коњот влечел импровизирана приколка натоварена со разни предмети.
Фотографиите предизвикаа лавина коментари кај јавноста.
„Боли ова, дали се нормални, душа златна“, „До кога ќе ги трпиме овие што малтретираат животни бе, до кога?“, „Дали некој ќе одговара за овие измачени коњи, ова мислам дека е трет коњ за 10 дена. Сопственикот веднаш во затвор“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
Ова глетка, за жал, не е ретка на скопските улици.
Пред неколку месеци изнемоштен коњ, кој влечел запрежна кола, колабира во близина на Тутунскиот комбинат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија