Македонија
24. April 2017 - 13:07

Изнајмување велосипед од СЦ Борис Трајковски, 50 денари за секој час

Од денеска до 15 октомври годинава граѓаните во Скопје ќе можат да изнајмат велосипед од Скопскиот центар Борис Трајковски - ВИП Арена за 50,00 денари за секој започнат час, започнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот.

Велосипедите ќе можат да се изнајмат веднаш до службениот влез на Центарот секој работен ден од понеделник до сабота со работно време од 7 до 22 часот и во недела со работно време од 17 до 21 часот. 

- “Изнајми велосипед-Ајде да возиме заедно“ одлично се вклопи во широката лепеза на содржини што ги нуди Спортскиот центар Борис Трајковски. Интересот на граѓаните за изнајмување на велосипед е огромен со оглед на местоположбата на која се наоѓаме односно близината на кејот на реката Вардар каде што започнува рекреативната патека, вели директорот на СЦ Борис Трајковски - ВИП Арена Златко Перински.

Во Спортскиот Центар на граѓаните ќе им бидат понудени 20 велосипеди од најразлични видови.