Изминатото деноноќие во Скопје 10 сообраќајки, девет лица лесно повредени
Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала тројца возачи кои управувале под дејство на алкохол, девет пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.
Од сообраќај се исклучени шеснаесет возачи поради поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се издадени 75 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 60 возила.
Казнети се тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, десет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден за неправилно престројување, четири за неправилно престигнување, 16 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и еден за користење на мобилен телефон за време на управување на мототрно возило.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина