Изминатото деноноќие 10 сообраќајки во Скопје, пешак тешко повреден
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 21 возач пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четири возачи почетници, пет возила кои биле технички неисправни, едно возило за претовар и 21 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање казнети се 99 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.
Четворица пешаци се казнети за поминување коловоз вон пешачки премин, двајца возачи за поминување крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и седум возачи за неправилно престигнување.
Санкционирани се и 12 возачи за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно визло и 29 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи