Македонија
12. April 2019 - 14:13

Изминатата недела регистрирани најмногу случаи со морбили

126 заразени со мали сипаници минатата недела што е најмногу досега од почетокот на епидемијата. Повеќе од половината од нив се од внатрешноста на земјата.

Досега бројот на заболени со морбили е 961 од кои над сто се лекари и медицински персонал. На Инфективна се хоспитализирани 43 заболени а 11 деца има на Детска клиника. На Комисијата за заразни болести во вторник ке одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.

 

Сања Димитровска