Изминатата недела регистрирани 3.728 заболени од грип
Во текот на изминатата недела (од 12 февруари до 18 февруари) во Република Македонија се регистрирани 3.728 заболени од грип, што е зголемување за 26 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.964 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.
Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од минатата сезона која се одликуваше со ран почеток. Се регистрира лесно зголемување од 15 отсто споредено со очекуваната инциденца на грип за оваа недела.
Регистрираната инциденца и oваа недела одговара на средна активност активност на вирусот на грип.
Во седмата недела најголем број заболени – 2.201 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 377,2 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Оваа недела најголем број заболени лица - 541 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје, а највисока инциденца 590,2 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци.
Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, само на територија на подрачните единици Дебар, Свети Николе, Ресен, Кавадарци и Центарот за јавно здравје Прилеп се регистрира многу висока активност; во четири – висока активност, седум центри за јавно здравје/подрачни единици пријавуваат средна активност, 11 центри за јавно здравје/подрачни единици – ниска активност, а во две единици се регистрира многу ниска активност на грип.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 12.171 случаи на грип со инциденца на 588,2 на 100.000. Регистрираниот број на случаи е повеќекратно помал споредено со истиот период од минатата сезона (34.103).
Досега, најголем број случаи – 1.747 се регистрирани во ПЕ Гостивар, а поголем број е пријавен и во ЦЈЗ Тетово (1.258) и ЦЈЗ Куманово (1.222). Највисока инциденцата од 2.500,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Дебар.
Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 7.409 случаи (61 отсто), а највисока кумулативна инциденца од 1.086,6 на 100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во републиката, при што инфлуенца B вирусите се регистрираат во поголем број.
Во текот на седмата недела од годинава, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје тестирани се 34 материјали за грип. Од тестираните материјали, 25 (73,5 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – 15 Influenza B (Yamagata), осум Influenza A (H1N1)pdm и дба Influenza А – несуптипизиран.
Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 252 хумани материјали од здравствените установи, од кои 111 (44 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца. Од нив, 38 се Influenza A (30 суптипизирани како А(H1N1)pdm и осум се А несуптипизиран), а 73 се Influenza B (Yamagata)
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација