Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Задушница
По повод верскиот празник Задушница денеска и утре од 6 до 16 часот во реонот на гробиштата Бутел ќе има изменет сообраќаен режим, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и кај гробишта во Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“ и кај Камник по улицата „Јужноморавски Бригади“ со улоцата „Роман Каскалиевиќ“.
Како што соопшти МВР, на гробиштата каде се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.
Од МВР информираат дека поради изведување на градежни работи на улицата „Александар Урдаревски“ во реонот на гробиштата Бутел, кои што се уште траат, дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.
Сообраќајниот режим на движење на возилата во Бутел ќе се одвива по улицата „Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улицата „Боца Иванова“, лево, по „Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).
МВР апелира сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација