Македонија
2. September 2019 - 13:54

Изменет сообраќаен режим од утре до четврток поради „ФИС ролер ски куп“

На 03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници заради одржувањето на меѓународната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска информира дека во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“, Град Скопје и Општина Карпош, трасата на движење за „ФИС ролер ски куп“, е од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.