Македонија
10. August 2018 - 14:43

Изменет сообраќаен режим на патот Кичево-Охрид

На магистралниот пат Кичево - Охрид, (Мала Река - Славеј Планина), од денеска се воведува времена измена на режим на сообраќајот. 

Времената измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) е поради изведување градежни работи, а ќе трае до завршување на активностите.

За воведениот времен режим  е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.