Македонија
5. September 2015 - 18:51

Изменет сообраќаен режим на обиколницата поради снимањето на францускиот филм „A Fond“

АМСМ соопшти дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски и известувањето од Мануфактура продукција, поради снимање на францускиот филм  „A Fond“, се воведува времена измена на режим на сообраќај на Скопската обиколница.

Обиколницата ќе биде затворена на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај во период од понеделник до петок од 07 до 19 часот, започнувајќи од 07.09 до 28.09.2015.