-->
-->
Изменет режим на сообраќај на делницата Фариш-Дреново
-->
Поради градежни работи од денеска се воведува времена измена на режимот на сообраќај на делницата Фариш-Дреново на експресниот пат Прилеп-Градско.
Според најавата од изведувачот на работите, шпанската Констракшн Рубау А.Д. Гирона, градежните активности почнуваат почнуваат денеска во седум часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 до 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00, 11:00, 13:00 и 15:00 ч. и ќе траат околу 30-45 минути. По 15:45 часот, сообраќајот ќе се нормализира.
Утре градежните работи ќе почнат исто така во седум часот, а прекините ќе бидат од 09:00 до 11:45 часот, односно во 09:00 и 11:00 и со траење од околу 30 до 45 минути. Сообраќајот ќе се нормализира по 11:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња