Македонија
25. јуни 2017 - 16:56

Изменет режим на патниот правец Неготино-Демир Капија

 Сообраќајот на патниот правец Неготино-Демир Капија на делот од Неготино до местото викано Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 километри, информира ЈП Македонија пат.

Оттаму нагласуваат дека по изминувањето на овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.