Македонија
17. January 2020 - 17:06

Измамникот кој нудеше пензии за починати лица ќе се брани од слобода

Измамникот кој злоупотребуваше лични податоци на граѓани од ПИОМ пуштен е да се брани од слобода. По пријава на последната жртва завчера полицијата го приведе поради сомневање дека сторил кривично дело “измама”. За 41-годишниот гевгеличанец Основното јавно обвинителство Гевгелија оформи предмет и преземаат  дејствија за расчистување на случајот.

- Издадена е наредба за претрес на домот на лицето, побарани се податоци и документација од институции, побарани се податоци и од телефонски оператор во насока на прибирање материјални докази и утврдување на факти во предметот, велат од ЈОРМ.

Сите одземени предмети ќе се вештачат, а истрагата на обвинителството треба да покаже како гевгеличанецот дошол до личните податоци на осигурениците на ПИОМ,  која му била намерата и дали имнал помош од други лица. Една од жртвите со чија помош полицијата го фати измамникот за Сител сведочеше дека измамникот знаел буквално се за нејзиниот починат сопруг.

- 15 минути ми објаснуваше за сите податоци на мажот ми, кога е починат, колку пензија зема.,  раскажа за Сител една од “жртвите”на измамникот.

Неофицијално гевгеличанецот исконтактирал 15 лица на кои според полицијата им барал од 1700 до 4000 денари за наводно да им врати заостанати пензии за нивни блиски кои починале во износ од 170.000 до 450.000 денари.

Како протекле личните податоци од ПИОМ и дали гевгеличанецот е нивни вработен од ПИОМ не откриваат како што велат во интерес на истрагата.