Свет
7. April 2020 - 10:38

Измамник се обидел да ја продаде Статуата на единството

Индиската полиција поведе истрага против измамник кој на интернет се обидел да „ја продаде“ познатата Статуа на единството за четири милијарди долари.

Измамникот притоа тврдел дека тоа е дел од активностите на властите против корона-кризата и за сузбивање на пандемијата.

Киберкриминалот во Индија последниве четири седмици се зголемил за 86 отсто, соопшти Владата. Притоа, најмногу е злоупотребено името на Нетфликс.

Статуата на единството во индиската сојузна држава Гуџарат е скоро двапати повисока од Статуата на слободата во Њујорк, САД.