Македонија
12. July 2017 - 17:40

Измамени студенти бараат агенцијата да им ги врати парите за ветеното вработување во странство

Наместо да замине на сезонска работа во Германија, остана без одговор пред затворените врати на Агенцијата за посредување. Благоја Ристиќ  студент од Скопје е еден од стотината  измамени  од страна на  сопствениците на Агенцијата Венера Кемаловски. Повеќе од еден месец чека одговор кога ќе замине на работа. Надевајќи се на ветеното вработување, ги пропуштил и роковите за полагање на испити на Филозофскиот факултет каде е студент во прва година. Платил повеќе од 3000 денари за интервју но не добил ниту фискална сметка.

Студентите кои аплицирале требало да работат во бутиците Зара, рестораните на Мекдоналс, Бургер Кинг. Драмата почнала на 15 јуни кога требало да замине првата група студенти, но останале дома со изговор од агенцијата дека за нив доцнат работните дозволи. Од нив било побарано да ја уплатат сумата за посредување пред да заминат во Германија. Пред агенциајата во Скопје, по Благоја  дојдоа голем број измамени студенти да си  ги бараат парите назад.

За вработување им биле побарани по околу 500 евра во кои наводно бил вклучен и авионскиот билет и сместување. Оние кои заминале ги Агенцијата Венера Кемаловски ги сместила многу подалеку од ветеното а останатите стотина останаа дома без пари и без работна дозвола.