Македонија
8. December 2017 - 13:03

Измамена скопјанка, само што ја подигнала пензијата од банка, измамник и ги зел на финта

Вчера во 12.20 часот Ј.Т. (87) пријавила дека истиот ден околу 11,00 часот на ул.“Народен Фронт“ во Скопје од страна на непознато лице била измамена односно и биле одземени 30.000 денари.

Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако оштетената ја извадила пензијата од банка, во еден момент била сопрена од  страна на лицето кое на вратот носело некаков беџ, при што истото ја довело во заблуда дека било вработено во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите бидејќи наводно биле фалсификат.

Оштетената ги извадила парите од ташната и му ги дала, а во еден момент непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.