Измама во Охрид:Работиме за модна агенција во Србија, бараме манекенки - фотографиите си ги пронашле на сајт за возрасни
Голема измама среде Охрид, кривични пријави за Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци”. На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи. Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид