Македонија
4. January 2018 - 16:17

Измама: Уплатете пари па ќе добиете работа за плата од 300 евра

Пакувајте детски пижами и постелнина, хонорарно од дома. Интересен оглас на страниците за огласување кој нуди уште подобра можност ако се јавите на наведениот телефон.

Овој оглас ја заинтересирал и скопјанката Бети. И таа го свртела телефонскиот број за да си ја проба среќата.Како и на нас така и на Бети и кажале дека искуство не и е потребно.

Бети неколку пати претходно била измамена на слични огласа, а правдината не успеала да ја истра до крај. Овој пат решила да не ги уплаќа средствата, но дознала дека нејзина познаничка ги платила бараните средства и никогаш повторно не успеала да се слушне со огласувачката. По вчерашните добиени одговори, денеска ова беше единствениот кој може да се слушне на телефобнскиот број.

Од МВР не добивме информација дали некој додега кај нив се пожалил на ваква измама и дали службите  постапувале по слична пријава.