Македонија
11. September 2018 - 14:39

Измама пред скопските клиники - маж од Штип остана без 7000 денари

На скопските клиники измаманик успеал да измнуди 7.000 денари од маж од Пробиштип. Според информациите на полицијата, вчера во  13.50  часот во Полициската станица Центар, Р.Л.Ј.(39) од Пробиштип пријавил дека во периодот од 09.30 до 10.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза", во Амбуланта на траумотологија, непознато машко лице извршило измама на неговиот татко. Му земало 7.000 денари за наводно  да му заврши одредена услуга за парична надокнада за инвалидитет на лица.

Откако ги земало парите лицето го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.