Македонија
28. December 2016 - 10:29

Изложбата на дела од сукцесијата на поранешна СФРЈ до крајот на јануари

Изложбата на дела од македонски автори добиени од сукцесијата на поранешна СФРЈ продолжува до крајот на јануари 2017 година, информираат од Националната галерија на Македонија (НГМ).

- Само во првиот ден изложбата ја посетија над 200 посетители независно од публиката која дојде и присуствуваше на отворањето на изложбата, а ваквиот добар одѕив продолжува сеуште. Оттука, со цел задоволување на барањата на публиката, би сакале да ве информираме дека изложбата ќе се продолжи до крајот на јануари, истакнуваат од НГМ.

Изложбата, според Националната галерија, имала особен интерес кај македонската јавност, почнувајќи од професионалната фела, кустоси, историчари на уметноста, критичари и теоретичари, преку уметници, и љубителите на уметноста генерално.