Македонија
31. July 2018 - 8:19

Изложба во рамки на проектот „Крушевска одаја“

По повод националниот празник Илинден, во Домот на културата „Наум Наумоски-Борче“ во Крушево вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска и ликовната уметница Гордана Дамјановска. Изложбата е во рамки на проектот „Крушевска одаја“ на Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и вклучен во иницијативата на УНЕСКО за градење култура на мирот, негување на културните различности и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство.

Од неговата прва реализација во 2001 година, проектот „Крушевска одаја“ е вклучен во официјалната програма на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ како самостојна манифестација.