Изложба во рамки на Неделата на грижа за стари лица
Неделата на грижа за стари лица ќе заврши со изложба на дописни картички од лица во трето доба, која ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“. „Дописни картички“ се реализира во рамки на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ при Црвен крст на град Скопје во соработка со Агенција за пошти.
- Проектот се реализира три месеци и имаа можност да учествуваат и конкурираат сите лица во трето доба во Македонија. Преку овој проект, лицата во трето доба имаа можност да ја искажаат својата креативност и да создадат уметнички дела во форма на дописни картички, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
На отворениот конкурс пристигнале над 80 дописни картички од целата држава со што, споед организаторот на изложбата, се оставруваа една на насоките на Обединетите нации за практикување на активно стареење. На отворањето на изложбата ќе бидат доделени награди за најдобрите три дописни картички.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто