Македонија
23. September 2016 - 9:08

Изложба во Прилеп: „Бисерите на Мал битолски Монмартр“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба на дела од манифестацијата „Мал битолски Монмартр“, насловена „Бисерите на Малиот битолски Монмартр“.

Пред прилепската публика ќе бидат претставени 30 дела од учесниците на 35-тото издание на манифестацијата.

Делата се тематски пворзани преку мотивите на старата македонска архитектура, конктретно - пренесена е архитектурата на Битола, Охрид и на Крушево. Автори се деца од 15 земји