Македонија
8. March 2018 - 8:43

Изложба во Детскиот културен центар „Карпош“ за 8-ми Март

 „Цртам за мојата мајка“ е традиционалната изложба на деца од предучилишните установи што денеска по повод 8-ми Март ја организира Детскиот културен центар „Карпош“.

Во рамки на изложбата, за децата од градинките е организирана програма на која низ песна и разговор за својата професија ќе зборува дефектологот Татјана Багеска.