Македонија
26. October 2018 - 8:46

Изложба „Уметничката литература – пат кон културен дијалог и соработка“

Изложба „Уметничката литература – пат кон културен дијалог и соработка“, со која е опфатен избор на дела од бугарски автори преведени на македонски јазик, објавени во периодот од 2000 до 2018 година (од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“) и избор на дела од македонски автори, преведени и објавени во Бугарија во истиот период (од фондот на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ – Пловдив) ќе биде отворена денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Изложбата е дел од активностите во рамките на проектот „Литературна ренесанса во Пловдив“, во кој НУБ „Св. Климент Охридски“ е партнер на Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив и на здружението „Писалка и перо“. Проектот е дел од уметничката програма на Општинската фондација Пловдив 2019 – европска престолнина на културата.

Претходно во Центарот за конференции и студии ќе се одржи стручна средба на која ќе бидат разменети искуства и мислења меѓу библиотекарите од НУБ „Св. Климент Охридски“ и од Регионалната народна библиотека „Иван Вазов“ од Пловдив.