Македонија
14. July 2015 - 20:25

Изложба со модни креации на учесници на обука во институтот „Изет Цури“

Модни креаци изработени од посетителите на обуката во Меѓународниот институт на модата - Изет Цури беа претставени на вчерашната изложба што се одржа во Чифте Амам.

Изложбата ја организираа Меѓународниот институт на модата „Изет Цури“, Амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот институт во Скопје и општина Чаир.

Менторот Цури на учесниците на обуката во Модниот институт им додели сертификати. 

 - Преку искуството и кредибилитетот на господинот Цури, што го постигна токму во француската модна индустрија, како и големата поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот културен центар, успеавме на жителите на Чаир да им овозможиме  да ги научат тајните  и да го почуствуваат француската мода на најдобар можен начин. Токму за тоа оваа изложба е за чест на Националниот ден на Република Франција која секоја година се одбележува на 14 јули, рече во обраќањето на отворањето на изложбата градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

На настанот присуствуваа и амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, Филип Дурон, пратеник во францускиот Парламент и Беким Незири,  министер за економија.